Доколку сакате вистински да го разгалите вашето тело, тогаш смутито чиј рецепт ви го пренесуваме подолу е вистинската работа за вас. Зелената бомба полна со хлорофил е одлична за здравјето и ќе ја врати силата на телото.
Хлорофилот е пигмент кој се наоѓа во сите зелени растенија. Луѓето го внесуваат во телото преку зелениот зеленчук и овошјето. Хлорофилот е одличен во борбата против анемијата, му помага на телото да се бори против инфекции, го чисти црниот дроб и дигестивниот систем, ги уништува бактериите и има антисептично дејство.
Жените сигурно ќе ги воодушеви информацијата дека хлорофилот е нивниот силен сојузник во борбата против проширените вени бидејќи ја зајакнува крвта, ја подобрува циркулацијата и на тој начин го ревитализира васкуларниот систем во нозете.
Со редовно консумирање зелен зеленчук, вените ќе ви се смалат, а нозете ќе ви изгледаат поубави.
Рецептот за зелено смути е вистинска хлорофилна бомба која веднаш ќе го регенерира вашето тело и ќе му ја врати потребната сила, а може да се конзумира во секое време од денот.
Состојки за зелено смути:
* 1 лимон или лимета
* четвртина од ананас
* четвртина од свежа краставица
* половина шака брокула
* 1 стебленце целер
* 1 грст спанаќ
* 1 шака кељ
* 1 децилитар бадемово млеко или обичен јогурт
* 1 грст мраз
Подготовка:
Излупете ги лимонот и ананасот и ставете ги во блендер заедно со останатите состојки.
Добро измешајте додека не се соединат сите состојки.
Во чаша ставете мраз и сипете го миксот.