Потребни состојки:
2-2,5 кг компири, излупени и исечени на парчиња
250 г крем сирење
2 белки од јајце, изматени со виљушка
1 чаша павлака
2 лажички кромид во прав
1 лажичка сол
1/2 лажичка бибер
1 лажица стопен путер
Начин на подготовка:
- Компирите сварете ги, потоа исцедете ги од водата и ставете ги во голем сад. Додајте го крем сирењето и испасирајте го заедно со компирите.
- Потоа додајте ги белките, павлаката, кромидот во прав, солта и биберот. Измешајте сè да се изедначи со пирето од компири. Префрлете го пирето во сад за печење кој претходно сте го намастиле. Одозгора посипете го стопениот путер, покријте го садот и ставете го преку ноќ во фрижидер.
- Извадете го од фрижидер 30 минути пред печење. Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Пирето печете го покриено околу 50 минути, потоа извадете го капакот и печете уште 5-10 минути. Послужете го самостојно или како гарнир за јадења со месо и зеленчук.
На здравје!