Потребни состојки:
3 чаши сварени макарони по ваш избор
2 парчиња пилешки гради исечкани на коцки
3 ленти исечкана сланина
1 кромид, исчекан
1 чешне лук, ситно исечкано
моцарела исечкана на парчиња
100 г печурки, исечкани
100 г цветчиња брокула
маслиново масло
1 лажица исечкан магдонос
сол и бибер
Алфредо сос:
125 г стопен путер
2 лажици брашно
200 мл павлака за готвење
200 мл млеко
1/2 чаша изрендан пармезан
1/2 изрендан чедар
Начин на подготовка:
- Макароните сварете ги според упатството, процедете ги, измешајте во нив маслиново масло за да не се залепат и тргнете ги на страна.
- Во тава загрејте маслиново масло и во него пржете ги кромидот, лукот и сланината. Кога кромидот ќе омекне, додајте го месото и гответе го додека да ја изгуби розевата боја и да стане кафеаво.
- Додајте ги печурките, брокулата, сварените макарони, ставете сол и бибер по вкус и нежно измешајте.
Подготовка на сосот:
- Во тавче стопете го путерот, додајте го брашното и мешајте додека да се испржи.
- Млекото и павлаката за готвење искомбинирајте ги заедно и полека додавајте ја таа смеса во брашното со постојано мешање.
- Откако сосот ќе се згусне, додајте ги пармезанот и чедарот и мешајте додека да се стопат.
- 3/4 од сосот додајте го во макароните и измешајте. Префрлете ги макароните во сад за печење, одозгора сипете го остатокот од сосот и врз сето тоа изрендајте или насечкајте моцарела.
- Печете околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени Целзиусови. Послужете го јадењето додека е топло, декорирано со ситно сечкан магдонос.
На здравје!