Забава

Пешкирите и постелнината не треба да се перат заедно

За многумина едно од најубавите чувства е да легнат во кревет со свежо испрана, чиста и миризлива постелнина, но важно е да се знае како правилно да се испере за да не се оштети и за да изгледа како нова што е можно подолго.

Треба да избегнувате заедно да ги перете пешкирите и чаршафите. Дебелината и тешкиот материјал на пешкирите може значително да ги оштети и да ги искине тенките чаршафи.

Освен тоа, некои пешкири можат да остават многу влакненца на постелнината. Разлика има и во тежината, бидејќи чаршафите се тенки и меки, додека пешкирите се погруби и дебели и бараат различни циклуси на перење и сушење.

Постелнината и полесните ткаенини се сушат поефикасно од пешкирите, што значи дека чаршафите може да завршат пресушени и оштетени, а пешкирите можат да фатат мувла ако ги оставите малку влажни.

Покрај тоа, се советува да не ставате валкана постелнина во корпата со други алишта, туку веднаш да ја ставите во машината за перење за да не се акумулираат дополнителни бактерии.

Слични написи

Светски метрополи што полека тонат

Biba

Тајландската плажа од филмот “The Beach” со Леонардо Ди Каприо ќе остане затворена за туристи до 2021 година

Biba

Официјалната опрема на олимпијците од Јапонија ќе биде изработена од рециклирана облека

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.