Потребни состојки:
4 поголеми јаболки
4 лажици омекнат (не стопен) несолен путер
1/2 чаша кафеав шеќер
3/4 лажичка цимет
3-4 лажици сечкани ореви
Начин на подготовка:
- Јаболките убаво измијте ги и издлабете ја средината со семките речиси до дното.
- Путерот, шеќерот, циметот и оревите измешајте ги во еден сад. Со лажичка наполнете ги издлабените јаболки и притиснете го филот да се збие.
- Во тава за печење налејте вода да се покрие дното и наредете ги јаболките со филот нагоре. Печете ги јаболките во рерна претходно загреана на 200 степени Целзиусови околу еден час или додека да омекнат јаболките и послужете ги додека се уште топли.
На здравје!