Потребни состојки:
4-5 јаболка
1 чаша овесни снегулки
1/4 чаша кафеав шеќер
1 лажичка цимет
1/4 чаша путер на собна температура
Начин на подготовка:
- Секое јаболко издлабете го на средина без да го продупчите дното.
- Во сад измешајте ги овесните снегулки, шеќерот и циметот. Додајте го омекнатиот путер и мешајте додека да се изедначи филот.
- Секое јаболко наполнете го со филот и ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете ги околу 30 минути (или додека да омекнат) на температура од 180 степени Целзиусови.
- Јаболките може да се сервираат со една топка сладолед или сос од карамел за декорација и побогат вкус.
На здравје!