Печени пиперки што се прават за експресно кратко време

 

Печените пиперки можат да се подготват на повеќе начини: на рингла, во рерна, на ќумбе, на скара… Ние овде ќе ви покажеме како најбрзо да ги испечете пиперките на начин што многу ќе ви ја скрати работата.

Потребни ви се само пиперки (по можност поголеми и месести), хартија за печење и тепсија.

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 250 степени Цезлиусови. Во тепсијата ставете хартија за печење и врз неа наредете ги пиперките (измиени и избришани, да бидат суви) една до друга. Ако претходно ги исчистите од дршките и семките, лупењето ќе ви оди уште побрзо.
  2. Печете ги пиперките околу 3о минути, со тоа што по 15 минути ќе ги превртите од другата страна. Погледнувајте ги од време на време, не мора да поцрнат како за ајвар. Од самата топлина во рерната пиперката ќе омекне и лушпата сама ќе се вади.
  3. Веднаш по печењето ставете ги пиперките во кутија со капак што цврсто затвора или едноставно во ќеса која убаво ќе ја затворите и ќе ги оставите да отстојат и да се испарат околу 1-2 часа. Потоа излупете ги и исчитете ги од семките.
  4. Вака испечените пиперки послужете ги како гарнир, мезе, во салата со патлиџани, цели со зејтин, оцет и лук, испржени со јајца, урда или самостојно… како што ќе посакате.

На здравје!

 

 

Забрането е копирање на текстот!