Состојки:
4 поголеми месести пиперки
4 чешниња лук
4 лажици маслиново масло
1 лажица лимонов сок
сол, бибер и магдонос
Подготовка:
- Пиперките убаво измијте ги, пресечете ги на половина по должина, исечете ја дршката и исчистете ги семките.
- Со пресечената страна кон долу наредете ги во тавче обложено со хартија за печење, напрскајте ги со 1 лажица маслиново масло, сол и бибер.
- Печете ги околу 20 минути на температура од 200 степени Целзиусови. Потоа превртете ги на другата страна и печете уште 20-25 минути.
- Лукот ситно насечкајте го, па измешајте го со останатите 3 лажици маслиново масло, со лимоновиот сок и ситно насечканиот магдонос (по потреба додајте сол и бибер или зачини по ваша желба). Вака приготвениот сос налејте го врз печените пиперки и послужете ги како салата, мезе или како прилог на јадења со месо.
На здравје!