Потребни состојки:
3 парчиња пилешки гради
6 лажици песто од босилек (линк)
2 патлиџана исечени на тркалца
3 парчиња моцарела
Начин на подготовка:
- Пилешките гради ставете ги во сад за печење.
- Врз секое од трите парчиња месо ставете по две полни лажици песто од босилек и размачкајте го целосно врз месото.
- Врз сосот на секое парче месо ставете по едно долго парче моцарела и две тркалца патлиџан.
- Печете го месото околу 30 минути во рерна загреана на 280 степени Целзиусови.
- Послужете го додека е топло со гарнир од варен ориз, компири или друг зеленчук.
На здравје!