Гастрономија

Печени лепчиња

 

Потребни состојки:

11 парчиња леб

2 чаши млеко (по потреба и повеќе)

4 јајца

300 г сирење

масло

Начин на подготвување:

  • Сипете го млекото во длабока чинија. Секое парче леб потопете го од двете страни во млекото и ставете го во тепсија на која претходно сте ставиле хартија за печење премачкана одозгора со масло (за да не се залепат лепчињата).
  • Сирењето испасирајте го, јајцата изматете ги со виљушка и измешајте ги со сирењето. Врз секое лепче со лажица ставајте од оваа смеса и размачкајте ја по целата површина на лепчето.
  • Откако ќе ги подготвите на истиот начин сите лепчиња, испрскајте ги одозгора со масло и печете ги на 200 степени Целзиусови додека да добијат златнокафеава боја. Сервирајте ги топли со јогурт, павлака или кисело млеко.

На здравје!

 

Слични написи

Ролат со мармалад

Biba

Мини палачинки

Biba

Основен рецепт за вафли

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.