Пет правила на Марија Антоанета за убавина кои важат и денес

 

Марија Антоанета е позната во историјата по многу убави и неубави работи, но најмногу е позната по тоа што водела сметка за својата убавина. За да ги одржува своите одаи свежи и намирисани, барала секојдневно да бидат исполнети со свежо набрано цвеќе.

Некои од нејзините правила за убавина до кои стриктно се придржувала важат и денес. Еве пет основни правила кои Марија Антоанета ги спроведувала, а важат и денес.

  • Своите чувства изразувајте ги со шминка. Француската аристократија во осумнаесеттиот век уживала во луксуз, дворците биле грандиозни, а гозбите величенствени. Облеката била кичеста, а шминката многу впечатлива. Членовите на француската аристократија своите лица ги боеле со бела боја, нанесувале црвен кармин на усните и на образите, а жените цртале бенки во форма на срце, ѕвезда или месечина. Секоја бенка имала посебно значење. Доколку жената нацртала бенка во форма на срце, значело дека е зафатена.
  • Никогаш не излегувајте од дома без да се намирисате. Со оглед на тоа дека во времето на владеење на Марија Антоанета дворецот Версај немал тоалети, се ширела неподнослива миризба. За да го намали или елиминира лошиот мирис, таа барала секојдневно да се ставаат свежо набрани цвеќиња низ дворецот, особено во нејзината спална соба. Се наведува дека уживала во мирисот на ружите и јасминот. Таа толку била опседната со убавиот мирис, што како факт постои дека во периодот кога чекала да биде егзекутирана со себе имала шишенце со парфем.
  • Придржувајте се до својата рутина за убавина. Изненадувачки ритуал до кој се придржувала Марија Антоанета поврзан со негување на убавината, бил миење со чуден препарат со назив Eau Cosmétique de Pigeon, кој во себе содржел и пржени гулаби. Иако оригиналниот рецепт останал тајна, се шпекулира дека препаратот потсетува на денешните тоници за лице.
  • Решавање на стресот со миризливи купки. Општо е познато дека во времето на владеење на француската монархија, капењето не била редовна појава, но Марија Антоанета своето време често го поминувала во својата бања каде со часови лежела во кадата со миризливи средства. Историчарите велат дека користела семки од лен, пињоли и слатки бадеми, ја триела кожата и правела своевиден пилинг.
  • Водете сметка за својата коса. Марија Антоанета од историјата ја познаваме со голема седа перика на главата, но најпознатата владетелка е позната по тоа дека имала прекрасна и здрава коса. Ја негувала со хидратантни маски направени од ѓумбир.

 

Забрането е копирање на текстот!