Продукција Митевски известуваат дека “Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска, продолжува да го освојува светот. На штотуку завршениот 15-ти Филмски фестивал Евроазија во Казахстан, “Господ постои, името ѝ е Петрунија” ја освои наградата за најдобро сценарио, за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска. Во конкуренција со побединкот од Кан, корејскиот “Паразит” и други врвни филмски остварувања, со уште едно признание “Петрунија” дефинитивно се наметнува како еден од најуспешните филмови оваа година.
Во месец јули, “Господ постои, името ѝ е Петрунија” ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистибуцијата на филмот во Кина.
Јулската турнеја на филмот започна со Euroasia International film festival, Kazakhstan, Nur-Sultan, https://eiff.kz/eng/festival-2019/official-program/the-main-contest/god-exists-her-name-is-petrunya.html, потоа продолжува на Филмскиот фестивал во Ереван, каде што исто така е во главната конкуренција Golden apricot Yerevan International film festival, Ermenia 7-14th July, http://www.gaiff.am/films/2019/god-exists-her-name-is-petrunya.
Следната недела филмот ќе бидe преставен пред хрватската публика на двата најпрестижни фестивали во Хрватска Pula Film Festival, 13 – 21/07/2019, https://www.pulafilmfestival.hr/en/filmovi/3114 и Motovun Film festival, Croatia, 23-17 July, https://motovunfilmfestival.com/en/film/god-exists-her-nam-is-petunya/.
Потоа австралискиот дистибутер го носи филмот во Нов Зеланд на претпремиерно прикажување на New Zealand International film festival, 18 Jul–11 Aug, https://www.nziff.co.nz/2019/auckland/god-exists-her-name-is-petrunya/.
Како подготовка за кинеската дистибуција, кинескиот дистибутер филмот како претпремиера го прикажува на First international film festival, Xining, China, 20-28 July https://www.firstfilm.org.cn/en/.