Пекинг го доби најголемиот аеродром на светот

 

Главниот град на Кина, Пекинг, го доби најголемиот аеродром на светот. Го носи името “Daxing”, а неговиот терминал според изгледот наликува на златен феникс.

Датумот на пуштање во употреба се темпира да се поклопи со 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина, а проектот е следен лично од претседателот Кси Џинпинг.

Првото полетување на авион се планира за 30 септември оваа година.

Локацијата на новиот аеродром е на 46 километри од центарот на Пекинг и со него се планира намалување на густите летови на стариот меѓународен аеродром.

Изградбата на “Daxing” започна во 2016 година.

Се очекува до 2025 година овој аеродром да има капацитет од 72 милиони патници и да обработува товар од 2 милиони тони годишно.

Површината која ја зафаќа е како 25 стандардни фудбалски терени, а за неговото креирање “виновна” е познатата архитектка Заха Хадид.

 

 

Копирањето на содржината е забрането!