Љубов и секс

Паровите кои се 20 години во брак се посреќни од младите парови

 

Трпеливоста се исплати. Добри работи им се случуваат на оние кои чекаат. Ако вашиот брак потрае барем десет години, може да се опуштите. И покрај популарните митови, може да сметате дека најдоброто допрва доаѓа.

Партнерите кои ќе “преживеат” 20 години во брак, се посреќни и покомпатибилни од новопечените брачни парови – покажало истражувањето спроведено во САД, чии резултати се објавени во списанието Social Network and the life Course. Истражувачи од Универзитетот на Пенсилванија и Универзитетот Бригам Јанг од Јута, исто така откриле и дека паровите кои се подолго време заедно уживаат повеќе во времето поминато заедно, отколку оние кои сè уште се во фазата на меден месец.

Пол Амато и Спенсер Џејмс анализирале по шест сетови на податоци за 2.034 луѓе кои се во брак, за да утврдат дали нивното задоволство се намалува или се зголемува со текот на годините поминати во брак.

Просечната старост на жените кои учествувале во истражувањето е 35 години, а просечната старост на мажите 37 години.

Научниците утврдиле дека задоволството од бракот постепено опаѓа во првите 20 години, а потоа се стабилизира. Истиот тренд на опаѓање па стабилизирање е забележан и кога станува збор за уживањето во заеднички активности.

“И покрај тоа што разводите се чести во денешно време, има и бракови кои траат засекогаш, а долгорочната прогноза за таквите бракови е оптимистична, затоа што среќата и задоволството остануваат високи а незадоволството се намалува”, велат истражувачите.

Тие веруваат дека ваквите резултати се израз на тоа што паровите после толку години брак наоѓаат подлабоки нивоа на приврзаност, што води до поголемо задоволство од бракот и уживање во друштво на брачниот партнер.

“Тврдењето дека брачните партнери со текот на годините почнуваат да личат еден на друг се провлекува многу долго во популарната култура”, вели Хари Бенсон, директор на Британската фондација за брак. “Тоа е многу депресивен и погрешен стереотип, кој често се прикажува во хумористичните серии, а до сега и научниците беа генерално согласни со тоа дека браковите добро почнуваат, но со текот на времето потполно се распаѓаат. Сепак, тоа е само мит”, изјавил Бенсон за лондонскиот Тајмс.

 

Слични написи

Размена на партнери – начин како да ја зачините страста

dart

Секс заповеди на самосвесни жени

dart

Смеете ли да имате секс кога партнерката има менструација?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.