Забава

Пантеон во Рим и после 2000 години активно се користи

Кога посетителите ќе влезат во Пантеон во Рим и ќе се најдат под неговата огромна купола, тие можат да го доживеат скоро истото искуство како гостите кои го посетиле овој импозантен објект пред 2.000 години. “Секој што ќе зачекори во Пантеон веднаш ја чувствува тежината на човечката историја, но и неверојатната леснотија на човечката креативност. Кога ќе влезете во овој одличен простор, погледнете нагоре и ќе го видите небото или облакот што поминува, не можете да престанете да размислувате како луѓето можеа да го сторат тоа пред два милениуми. „изјави за Cон Осендорф, професор по архитектура на МИТ и поранешен директор на Американската академија во Рим, изјави за Би-Би-Си.  

 

Пантеон е најстарата зграда во светот што се користи и денес. Зградата беше реконструирана околу 125 година по раѓањето на Исус Христос од страна на римскиот император Публиј Ели Адријан и ова беше всушност третото реновирање на зградата. Претходниот Пантеон беше запален околу 80 години по Христ и беше изграден набргу потоа. Сепак, повторно е запален околу 110 година по Христ, кога го погодил гром, па затоа почнале да кружат гласини дека е проколнат.

Пантеонот значи „сите богови“ и, иако обично се верува дека зградата била место посветено на римските богови, неговата оригинална намена всушност не е позната.

Со ретки спомнувања на оваа зграда во античките текстови, за историчарите не е сосема јасно што служел Пантеон. Иако може да претставува храм, историчарот на архитектура Лин Ланкастер вели дека римските градби биле обично повеќенаменски.

Легендите велат дека ова е токму местото каде што основачот на Рим, Ромул, се вознел на небото. Други веруваат дека во Пантеон римскиот император можел да комуницира со боговите.

„Без оглед на различните приказни, импозантната зграда беше секако важен симбол на империјалната моќ“, рече Лука Меркури, сегашен директор на Пантеон.

Со векови по изградбата на Пантеон, многу архитекти ја копирале неговата внатрешност за да им дадат слична вредност на новите згради, од американскиот Конгрес во Вашингтон до куќата Сомерсет во Лондон.

Иако Пантеон веќе откри некои од тајните на неговите дизајнери, денешните архитекти сепак наоѓаат магија во деталите на оваа зграда. Како што одминува денот, сонцето трепери околу внатрешноста на куполата на Пантеон, кој изгледа како огромен сончев часовник.

„Тоа е едно од ретките места во светот каде што всушност може да се гледа како Земјата се врти“, рече Ланкастер.

Слични написи

Актуелниот првак во Формула 1 го купи својот втор пентхаус на Менхетен

Biba

Креативност на дело – спакувајте ги подароците за Нова година со обичен весник

Biba

Осумгодишно девојче од Јапонија е новата интернет ѕвезда

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.