Пагани го претстави својот нов модел од 3,5 милиони долари – Pagani Huayra Roadster BC

 

Pagani Huayra Roadster BC е досега најскапиот роудстер на пагани наменет за нормални патишта. Цената од 3,5 милиони долари го постави на врвот на листата.

И овој автомобил на италијанскиот бренд на чие чело е аргентинецот Хорацио Пагани, го придвижува 6-литрен V8 мотор на AMG кој испорачува близу 800 коњски сили и вртежен момент од 1050 њутн метри. Ќе биде произведен во само 40 примероци.

 

 

За пренос на силата на овој модел на пагани задолжен е седумстепен секвенцијален X-trek менувач, кој е дури за 35 % полесен отколку кај моделот Pagani Huayra Coupe BC.

Истовремено, моторот на AMG што се вградува во Pagani Huayra Roadster BC е за 50 коњски сили појак отколку кај Huayra Coupe BC.

Тежината од 1250 килограми споено со силата на моторот даваат одлични перформанси во забрзувањето и во брзината.

Поради одличната аеродинамика, од Пагани велат дека Pagani Huayra Roadster BC подобро лежи на патот и од Chiron на Bugatti.

Официјални податоци за забрзувањето и максималната брзина сè уште нема, а премиерно ќе биде прикажан на изложбата на егзотични автомобили што ќе се одржи идниот месец во Монтереј, Калифорнија

 

 

Забрането е копирање на текстот!