Излезе официјалниот трејлер на римејкот на Lion King

 

Кога од продукцијата Дизни најавија што имаат намера да направат од добриот стар Lion King, сите бевме со став дека ќе уништат совршено добар филм со кој пораснаа многу деца.

Примената на новата CGI технологија со која класичната анимација се преработува во live action ни беше непозната и мислевме дека ќе се уништи духот на анимираниот филм.

И така еден по еден класиците на анимираните филмови како Jungle Book, Beauty and the beast, Aladin, почнаа да се менуваат и за чудо резултатот не беше лош.

Го дочекавме и трејлерот од преработениот Lion King, за кој првите впечатоци се дека филмот изгледа прилично добро.

Но да не судиме ние, погледнете го трејлерот и заклучете сами.

 

Копирањето на содржината е забрането!