По завршувањето на празниците, време е за полесни оброци и детоксикација на организмот.
Една од најбараните намирници овој период е блитвата. Блитвата е прогласена за една од најздравите намирници на светот и заради својата прилагодливост на почвата и на климатските фактори, достапна е во текот на целата година.
Богата е со материи кои штитат од канцер и е одличен извор на калциум кој е важен за цврстината на коските. Изобилува и со калиум, железо, цинк, манган, магнезиум, фосфор, потоа со витамини од Б комплексот, Ц, Е, К, бета каротен (витамин А), омега-3 масни киселини и триптофан кој го регулира спиењето.
Блитвата е нискокалорична намирница со само 30 калории на 100 грама, богата е и со целулозни влакна кои ги чистат токсините од цревата, па тоа е уште една причина зашто оваа намирница треба почесто да се јаде.
Оваа медитеранска билка е одличен сојузник во борбата против многу болести. Го намалува ризикот од болести на срцето, ги зајакнува коските, го подобрува здравјето на очите, изобилува со фолна киселина и заради тоа им се препорачува и на трудниците.
Гответе ја на пареа или во врела вода, но внимавајте да не ја преварите затоа што тогаш ги губи хранливите состојки и станува горчлива.