Здравје

Откриен е нов центар за болка во мозокот

 

Центарот за болка кој научниците го открија, прави разлика помеѓу допирот кој некој го чувствува како болка и вистинската болка. По оштетувањето на нерви некои пациенти и допирот почнуваат да го чувствуваат како болка.

Невропатската болка е една од најтешките хронични болки која е тешко да се лечи затоа што аналгетиците не делуваат на соодветните рецептори.

Лековите против воспалувања можат да донесат мало олеснување затоа што го намалуваат притисокот на нервите, а антидепресиви и лекови против епилепсија можат да бидат корисни за одредени луѓе, но не во најголемиот број на случаи.

Научниците открија нов центар за болка во мозокот, чие “исклучување” ќе ја олесни агонијата на милиони луѓе.

По оштетувањето на нервниот систем, кој меѓу останатото, може да е предизвикано и од ХИВ, херпес и рак, кај некои луѓе доаѓа до нарушување на комуникацијата помеѓу мозокот и телото, што значи дека и најмал допир може да предизвика екстремна болка, пецкање или трнење.

Научниците на бостонската детска болница, открија дека после оштетување на нервите доаѓа до нарушување на одредени процеси во мозокот, кои обично прават разлика помеѓу болниот и другите типови на допир, и се надеваат дека тоа откритие еден ден ќе овозможи намалување на јачината на хроничната невропатска болест.

Тие открија механизам на комуникација кој делува како некој вид на мегафон за сензорски информации: мала група на неврони ги прима информациите од телото, ги засилува тие сигнали и ги праќа на местото на допирот.

Тие сигнали патуваат низ продолжениот мозок, кој ги преведува информациите како “обичен допир” или како “болка”.

Во нормални услови допирот и болката јасно се разграничуваат од страна на невроните инхибитори, но по оштетувањето на нервниот систем нема сузбивање, заради што информацијата за допир активира рецептори за болка, предизвикувајќи непријатни сензации.

Кога научниците го отстранија кластерот на нервни клетки откриен кај глувците со невропатска болка, тие повеќе не покажуваа негативни реакции на нежен допир, но и понатаму реагираа на вистинска болка предизвикана од боцкање со игла.

Онеспособување на неврони можеби нема да се применува кај луѓе со невропатска болка, но најновите откритија будат надеж за можни механизми на лечење во иднината.

 

Слични написи

Недоволното спиење може да го скрати животниот век

Biba

Колку се безбедни апчињата за одложување на менструалниот циклус

dart

Јогуртот помага во намалувањето на килограмите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.