Забава

Откриена е локацијата на куќата во која славниот Шекспир ја напишал љубовната трагедија “Ромео и Јулија”

 

Според информациите објавени во британските медиуми, откриена е локацијата на куќата во која живеел Вилијам Шекспир во Лондон, во која ја напишал најпознатата љубовна трагедија “Ромео и Јулија”.

Театарскиот историчар Џефри Марш цела деценија работел на откривање на локацијата каде што живеел славниот Вилијам Шекспир во текот на 1590-тите години. Во текот на тој период тој ја пишувал најпознатата љубовна трагедија “Ромео и Јулија”, која била објавена во 1597 година.

Потрагата на Марш започнала во 2008 година, откако во областа Шордич во источен Лондон бил откриен првиот јавен театар во Англија од Елизабетанскиот период, наречен “The Teatre”. Во овој театар биле играни сите претстави на Шекспир.

Претходно било утврдено дека Шекспир живеел во централен Лондон, во близина на Liverpool street station, тогаш позната како парохија “St.Helens”, меѓутоа таа локација не била никогаш идентификувана.

Според Марш, неколку години откако се преселил од Статфорд во Лондон, Шекспир живеел во една од најбогатите парохии во градот, а соседи му биле моќни и богати јавни фигури, меѓународни трговци, лекари и професионални музичари.

Историчарот додава и дека животот во место како што е Лондон, длабоко се одразил врз творештвото и воопшто животот на Шекспир, и го подобрил неговиот општествен статус додека ја развивал и унапредувал својата кариера.

 

Слични написи

Катедралата Нотр Дам низ историјата

Biba

Најстариот хотел во светот го води истото семејство повеќе од 1.300 години

dart

Како да поминете интересно и корисно време на интернет

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.