Овогодинешниот добитник на Златен глобус за главна улога Рами Малек, долго ќе го паметиме како актерот кој прекрасно го долови ликот на легендарниот Фреди Меркјури.
Малек е ѕвезда во најава и за него знаеме многу работи поврзани со актерството. Но има работи кои не сте ги знаеле, а можеби ќе ви бидат интересни.
- Рами Малек има брат близнак кој се вика Сами. Освен братот, Рами има и постара сестра која работи како лекарка во итна медицинска помош во Вашингтон.
- Во љубовна врска е со неговата колешка, актерката Луси Боинтон, која во филмот “Боемска рапсодија” ја глуми љубовта на Фреди, Мери Остин. Тие се зближиле за време на снимањето и оттогаш се во врска.
- Рами Малек е син на египетски емигранти кои од Каиро емигрирале во САД. Иако учел во Лос Анџелес, родителите го одгледале со комуникација на арапски, па затоа арапскиот го говори течно.
- Одел во средно училиште со Рејчел Билсон и Кирстен Данст. Заедно со неговиот брат близнак биле во ист клас со актерката Рејчел Билсон, додека Кирстен Данст е една генерација после Рами и заедно ја посетувале драмската секција.
- Противник е на социјалните мрежи. Иако има Твитер и Инстаграм, воопшто не е активен. Изјавува дека неговиот социјален живот воопшто не страда поради неговото отсуство од социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил има само 3 фотографии. Иако не е активен, на Инстаграм го следат 1,6 милиони фанови.
- Ја зачувал протезата што ја носел на снимањето на филмот за Фреди Меркјури. Ја дал да се позлати за да остане трајна за сите времиња.