Во денешно време младите парови сè почесто се впуштаат во анален секс, мислејќи дека така ќе се заштитат од несакана бременост. Но, тоа баш и не е точно.
Според гинеколозите, постојат ситуации во кои сме мислеле дека е невозможно да се забремени, а го покажуваат спротивното.
- Аналниот секс не е контрацепција. Практикувањето на анален секс како замена за вагинален со мисла дека така сме сигурни од несакано забременување, не е баш точно. При аналниот секс ејакулатот не останува секогаш во анусот, тој знае да истече и случајно да се најде околу или внатре во вагината. Дури и кога пенисот пенетрира во анусот, мала количина од семената течност останува надвор околу вагиналниот отвор. Бидејќи вагината и аналниот отвор се едно до друго, постои опасност од несакано забременување.
- Отворање на кондомите со заби. Дури третина од луѓето што користат кондоми пакувањето го отвораат со заби, не разбирајќи колку е голема веројатноста кондомот да се оштети без да забележат. Оваа практика, заедно со користење на кондоми на кои им поминал рокот, сочинуваат дури 90 % од несаканите забременувања.
- Петинг со долна облека. Петинг на голо тело може да доведе до забременување, бидејќи семената течност не сакајќи може да стигне до вагината, особено ако петингот го правиме и со долната облека. Иако шансите за тоа се многу мали, сепак постои можност семената течност да истече низ боксерките.
- Заедничко бањање во када. Секој пат кога жена ќе се најде во када во која има сперма, постои можност спермата да стигне до вагината. Ако се капете заедно во када наполнета со вода, а пред тоа партнерот ејакулирал во водата, постои можност да се случи несакана бременост.
- Може да се забремени и ако сте веќе бремени. Ова е многу редок медицински феномен наречен суперфетација, а може да се случи кај жени кои се бремени, но продолжиле да овулираат. Другата јајце-клетка се вгнездува во ѕидот на матката и за жал, бременоста најчесто не завршува добро.
- Може да забремените и ако користите таблети за контрацепција. Иако таблетите ја намалуваат веројатноста од забременување, тие не се апсолутно 100 % сигурни.
- Не оставате празен простор на врвот од кондомот. Вакво нешто може да доведе до излизнување на спермата низ кондомот.
- Комбинација на маслен лубрикант и кондом. Ова комбинација е небезбедна. Никогаш не ги мешајте, ако сакате да сте безбедни. Маслените лубриканти го уништуваат латексот и кондомите стануваат порозни, а со тоа и небезбедни.