Осумгодишната Јуока Сома од Јапонија е новата интернет ѕвезда. Видеото на кое таа оригинално го доловува делот со тапани од песната на Лед Цепелин Goog times, bad times, е погледано над 1,5 милиони пати.
Малата Јапонка потекнува од музикално семејство, и двајцата нејзини родители се пејачи и текстописци. Малата Јуока уште на две години почнала да удира на тапани.
Нејзин сон е да стане најдобриот тапанар на светот. Погледнете го видеото и фотографиите за да се запознаете со талентот на Јуока Сома.