Избор на уредникот Патуваме

Островот Маргарита – рај на Карибите

Сонцето и ветрот нежно ја галат вашата кожа. Брановите и морето свират вечна, релаксирачка мелодија. Секојдневните грижи исчезнуваат за миг. Ова се летни соништа на плажите на островот Маргарита (Isla Margarita). Тој бисер на Карибите е на околу 40 километри од матичната земја Венецуела.
Главен центар на островот е Порламар, и сè што се случува е во центарот на градот, плоштадот Боливар. Во кафулињата попладне се пие еспресо марон (со млеко), а навечер полар, домашно пиво. Зад плоштадот има поглед на дел од градот кој е преполн со продавници. Купувањето е со прифатливи цени, бидејќи во Маргарита можете да купите без царина.


Плажите Гуакуко, Плаја Ел Кардон и Плаја Ел Тирано се најубавите карипски плажи и се протегаат долж источниот брег на островот. Ѕвездата меѓу нив е дел од брегот покриен со кокосови палми – Плаја Ел Агуа. Летната клима, благите бранови на брегот и слабото освежувачко ветре се идеални за релаксација. Покрај шеталиштето на песочната плажа има многу хотели со различни големини, цени и категории.


Од главниот град Ла Асунсион, патот ве води северозападно до Санта Ана. Тоа село со многу колонијални куќи е вистински скапоцен камен, а изградено е во 16 век. Од Порламар можете да одите на екскурзии до копното и да ја доживеете сета убавина на околната природа. Дер Салто Хача се простира од клисура висока 20 метри кон заливот. Задолжително одете на патување и уживајте во оваа несекојдневна глетка.

Слични написи

Корчагинци во МНТ одржаа лекција по хуманост

Biba

На кој начин особините на личноста влијаат на вашето здравје

Biba

Помогнете им на децата успешно да ги решаваат меѓусебните конфликти

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.