Забава

Остатоци од праисториска пирана пронајдени во Германија

На југот на Германија се пронајдени фосилни остатоци од риба многу слична на денешната пирана. Се тврди дека е најстариот познат примерок на месојадна риба.

Се смета дека датира од пред 150 милиони години, имала остри заби како денешните пирани, и ги користела за кинење на парчиња месо и перки од другите риби. Покрај праисториската пирана се пронајдени остатоци од риби кои таа ги јадела.

Научниците извршиле анализа и забележале дека горните заби биле долги и шилести, додека долните заби биле триаголни.

Пираните денес живеат во слатките води во Јужна Америка, во Амазон и околните реки. Постојат скоро 20 видови пирани, додека праисториските пирани се пронајдени во делови во Европа каде некогаш било море. Не сите видови на пирана се опасни како што се верува, некои видови се хранат со семки и се вегетарјанци.

 

Слични написи

Што открива вашето „буцкасто“ кутре за вас

Biba

Општина Гази Баба го буди духот на акцијаштвото од СФРЈ

admin

Најбараниот и најскап зачин на светот

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.