Потребни состојки:
2 јајца
2 чаши брашно
1 3/4 чаши млеко
1/2 чаша масло
1 лажица кафеав шеќер
2 лажички прашок за печиво
1/4 лажичка сол
1/2 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Во сад изматете ги прво белките, кога ќе станат пенести додајте ги жолчките.
- Кога ќе се изматат јајцата, додајте ги млекото, маслото и екстрактот од ванила, а потоа сувите состојки измешани заедно.
- Кога сè убаво ќе се соедини и ќе добиете мазна смеса, во намастен тостер или апарат за вафли испечете ги вафлите.
- Сервирајте ги додека се топли, декорирани по личен вкус. Може да им наросите цимет, шеќер со прав, сечкано јаткасто овошје, свежо овошје, да ги прелиете со прелив од чоколадо, мед, јаворов сируп, шлаг, мармалад…
На здравје!