Забава

Ослободете се од наелектризираната облека со помош на едноставен и евтин трик

Денес постојат различни машини за перење со различни програми за перење алишта, но понекогаш дури и најновата технологија на која одредени производители нагласуваат не може да ви помогне да се ослободите од статичкиот електрицитет од облеката. Сепак, постои многу едноставно решение кое може да го олесни перењето на вашата облека во машина.

Имено, топчињата од алуминиумска фолија се најновиот трик кој ја олеснува работата на перењето алишта. Понекогаш на облеката остануваат разни дамки или едноставно имаме впечаток дека свежо испраната облека нема свежина, а често се случува одредени материјали да се наелектризираат, а тоа може да се реши благодарение на овој евтин трик.

 

Можеби изгледа сосема неразбирливо, но најефективниот метод за ослободување од наелектризираната облека се токму топчињата од алуминиумска фолија.

Едноставно топче од алуминиумска фолија ќе ви помогне да се ослободите од досадните електризирани ткаенини и да го подобрите процесот на сушење.

Можеби знаете дека алуминиумот го намалува статичкиот електрицитет и на тој начин го подобрува ефектот на омекнување. Овој процес е целата тајна. Само завиткајте неколку топчиња фолија и фрлете ги во машината за перење заедно со облеката и сигурно ќе се ослободите од проблемот со наелектризирање на облеката. А најдоброто нешто е што истата топка може да се користи до шест месеци.

Related posts

Бразилката Валентина Сампаио е првиот трансродов модел кој соработува со Victoria’s Secret

Biba

Штрумфовите ќе наполнат 60 години

admin

Баварците имаат едно од најнеобичните натпреварувања на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.