Освежително смуди од банана и киви

 

Потребни состојки:

2 кивија

1 голема банана

1/2 портокал

1/4 чаша млеко

1 лажица мед

Состојките се доволни за една чаша смуди.

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во блендер и изблендајте ги до посакуваната густина.
  2. Ако сакате поладно смути, во блендерот додајте неколку коцки мраз.
  3. Смудито сипете го во изладена чаша и сервирајте го веднаш.

На здравје!

 

Копирањето на содржината е забрането!