Убавина

Освежете го својот дом со пет природни состојки

Мирисите битно влијаат на домашниот амбиент. Пријатните и свежи мириси делуваат релаксирачки. Индустриските освежувачи често содржат состојки кои се штетни, а многу од нив се тешки и премногу интензивни. Затоа најдобро решение се природните мириси.

Лимон и рузмарин

Оваа комбинација покрај тоа што звучи освежително, преставува вистински освежителна мирисна варијанта. Може да се направи и во домашни услови.

Во празно стаклено шише ставете вода и резанки лимон, рузмарин и малку екстракт од ванила. За кратко време имате уникатен мирис за вашиот дом за кој нема да потрошите многу пари.

Рузмарин и лаванда

Оваа комбинација на мирис ќе ги воодушеви љубителите на природни мирисни ноти. Може да направите комбинација од сода бикарбона со исушен и иситнет рузмарин, со малку масло од лаванда. Добиената состојка во форма на прашок посипете ја на теписите и така ќе ги освежите. По 15-20 минути со правосмукалка соберете го правот и процедурата е завршена. Со тоа ќе добиете пријатен мирис во просторијата.

Лилјан

Многу брзо може да направите спреј за освежување ако направите мешавина од вода, вотка и масло од лилјан.

Портокал и цимет

Мирисната комбинација на портокал и цимет ќе го задоволи секој што знае да ужива во убавина.

Измешајте вода, етерично масло од портокал и цимет, со топчиња од желатин што апсорбираат вода. Ќе добиете прекрасен освежувач за просторија кој ќе ви пренесе чувство на есен.

Мирисно полнење

Стаклените садови од индустриските освежувачи не ги фрлајте во отпад, наполнете ги со приридни освежувачи кои сами ќе ги направите. Искористете ги природните состојки лаванда, лимон, портокал, еукалиптус во форма на етерични масла и помешајте ги со вода. Наполнете ги стакленките и имате прекрасни освежувачи за просторија од природни состојки.

Можеби ќе ве интересира

Пет фризури кои никогаш не излегуваат од мода

Biba

Преку исхрана до сјајна и чиста кожа

Biba

Совети за разубавување кои ќе ви помогнат да изгледате префинето и софистицирано

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.