Психологија

Осаменоста може да предизвика низа болести

 

Кон крајот на шеесеттите години од минатиот век, Фрида Фром-Рајхман – германски психијатар, објавила есеј за осаменоста како причинител на многу ментални болести. И покрај тоа што во психоанализата оваа појава одамна се предвидуваше, сите дополнителни истражувања на ова поле покажуваат дека повеќето болести на нервниот систем можат да се излечат ако пациентот повторно воспостави блискост и доверба со луѓето кои му се значајни во животот.

Фром-Рајхман прави разлика меѓу вистинска осаменост и осаменоста на продуктивен уметник, минливата изолираност, незадоволството од моменталното друштво, жалењето за некои работи кои здравиот човек ги надминува по некое време и депресијата – која е почесто последица на осаменоста отколку причина.

Треба да се прави разлика помеѓу осаменост и самотија, затоа што човек може да се чувствува осамено и во просторија полна со луѓе.

Истражувања на психобиолозите на ова поле даваат потврда дека перманентната осаменост може да има фатални последици заради хормонските сигнали кои ги праќа и на тој начин ги реорганизира молекулите на гените кои се задолжени за однесувањето, со што се нарушува работата на многу други системи. Оттука, не е за чудење што осаменоста од овој тип е причинител за низа телесни блести, како што е Алцхајмерова болест, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок, болести на срцето, невродегенеративни болести.

Поразувачки е податокот дека осаменоста може да предизвика и карцином, затоа што туморите метастазираат побрзо кај осамените луѓе.

Истражувањата покажуват дека кон осаменост се посклони луѓе на кои им е ускратувана родителската љубов во најраниот период од животот, што во подоцнежните години се одразува со потешко вклопување во заедницата.

Сепак, дека не е сè толку црно покажува и податокот дека овие симптоми можат да се неутрализираат ако отфрленото дете благовремено се посвои или се вдоми во хранителско семесјтво, или ако се работи за веќе зрела, оформена личност – ако повторно почувствува дека некаде припаѓа. Со тек на време ќе научи без страв и параноја да реагира на присуството на други луѓе, што ќе доведе до опаѓање на нивото на хормоните на стрес, така што може да се превенира појавувањето на споменатите болести.

 

Слични написи

Синдром на прегореност (burn out): како да го препознаете

Biba

Депресијата наскоро ќе стане водечки здравствен проблем во светот

Biba

Грицкањето нокти не е само грда навика

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.