Првите чекори на Нил Армстронг на Месечината ги следеше целиот свет, а снимките ја обиколија планетата.
Меѓутоа, поради пропуст на администрацијата на НАСА, во седумдесеттите години на минатиот век оригиналните ленти со снимките од актуелните збиднувања се продадени за само 218 долари, а нивната денешна вредност би била неколку милиони долари.
Кон крајот на шеесеттите години од минатиот век, НАСА направи историски исчекор со праќањето на човек на Месечината.
Во тој период организирана е аукција на предмети кои не ѝ се потребни на самата НАСА и во нив по грешка биле ставени и снимките од актуелното слетување на Нил Армстронг на Месечината. Целиот пакет содржел 65 ленти од актуелната мисија Аполо 11.
Како купувач се нашол Гери Џорџ, кој во тоа време бил на практикантство во НАСА. Низ времињата Џорџ продавал делови од колекцијата на телевизиските куќи, а денес во сопственост има само уште три ленти кои го покажуваат чекорењето на Месечината.
На 20 јули оваа година ќе се одбележат 40 години од слетувањето на Месечината и НАСА ги бара лентите од Гери Џорџ за случувањето. Според изјавите, тој дури сега ја дознал вистинската содржина на лентите и нивната вистинска вредност.
Експертите направиле анализа и потврдиле дека сите три ленти се автентични и ќе бидат понудени на аукција по цена од 700 000 долари од лента.