Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Орео мафини

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Потребни состојки:

24 колачиња Орео

4 лажици какао

3 чаши млеко

3 лажици шеќер во прав

1/2 лажичка сода бикарбона (може и помалку)

1/2 лажичка лимонов сок

1/2 чаша путер

Начин на подготовка:

  1. Колачињата Орео сомелете ги во прав.
  2. Во голем сад ставете ги сомелените колачиња и додајте ги шеќерот во прав, какаото и млекото. Измешајте ги состојките и потоа додајте ги содата и лимоновиот сок. Убаво измешајте.
  3. Калапчињата за мафини намастете ги со путер и во нив истурете ја смесата.
  4. Печете ги мафините на температура од 180 степени Целзиусови додека пробата со чепкалка покаже дека се убаво испечени од внатре.
  5. Послужете ги декорирани со шеќер во прав или со прелив од стопено чоколадо.

На здравје!