Тешката шминка, зачадените простории, алкохолот… не се баш добар избор за вашата кожа. Оревите, не само што имаат одличен вкус, ни даваат и многу енергија, а и безброј здравствени придобивки. Грците ги викале “плодови на Јупитер”, сакајќи со тоа да кажат дека оревите се храна за боговите.
Уште од древни времиња оревите се поврзуваат и со интелектот – самиот нивен плод има има облик на човечкиот мозок.
Јадрото на оревот содржи 55-65 % здрави масти, потоа високовредни протеини (15 %) и исто толку јаглехидрати, а богато е и со магнезиум, калиум фосфор, железо и витамини Б и Ц. Оваа комбинација од извонредни нутриенти е идеална за вашето здравје, но и за вашиот изглед.
Оревот е богат со антиоксиданти, магични материи во нашето тело кои ги штитат клетките од стареење, помагаат да се обнови ткивото, спречуваат болести и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Оревите содржат комплекс од хранливи материи кои ги одржуваат косата и кожата здрави. Меѓу останатите хранливи состојки, оревите содржат и витамин Е, кој кога се консумира орално го поттикнува обновувањето, зацелувањето и опоравувањето на кожата и на косата.
Надворешната примена на оревот е одлична за оштетениот површински слој на кожата и за превентивна нега против брчки, па затоа со малку ореви направете си маска која ќе ви ја обнови и подмлади кожата.
Хранлива маска за лицето и за вратот
- 1 чаша ореви
- малку млеко
Сомелете ги оревите и измешајте ги со малку млеко, да добиете густа компактна смеса, односно маска. Оваа маска нанесете ја рамномерно на целото лице и на вратот, оставете ја да делува околу 20 минути и потоа измијте ја со млака вода.
Маска за блескава кожа
Направете паста од 4 мелени ореви, 2 лажици овесно брашно, 1 лажица мед, 1 лажичка крем за лице и 4 капки маслиново масло и нанесете ја на исчистено лице. Откако маската ќе се исуши, исплакнете го лицето со топла вода, масирајќи го нежно со кружни движења.