Технологија

Од следната година на Саемот за иновативни технолошки решенија ќе се наградуваат и секс-играчки

 

Како што наведува магазинот Verge, од следната година на Consumer Electronic Show (CES) ќе дозволи изложување и наградување на технолошки достигнувања од светот на секс-играчките.

 

 

Секс-играчките ќе може да се изложуваат во делот за здравје и велнес, и дозволата од организаторите се однесува само за наредната година, а со посебна процена ќе се разгледа опцијата за тоа да се дозволи и за годините што следат.

За да може да се презентираат, секс-играчките мора да се технолошки иновативни и да вклучуваат нова технологија, бидејќи како што е наведено – не се сите заинтересирани да видат стандарден вибратор.

Минатата година дојде до контроверзии кога беше наградена секс-играчка на компанијата Lora DiCarlo, но подоцна наградата беше повлечена.

На CES ќе се смени и политиката на облекување, за да се спречи одредени компании со оскудно облечени девојки да се обидуваат да привлечат посетители на нивните штандови. Оние што ќе ги прекршат правилата ќе бидат казнети, ќе им се намали рангот, а со тоа ќе имаат полоши позиции на својот изложбен простор.

Порнографијата на CES  и понатаму е забранета.

 

 

Слични написи

Зголемен број на повреди со смртни последици заради селфијата

admin

Huawei Mate Xs 2 доаѓа во Европа во јуни, со цена од 1.999 евра

dart

Словенците имаат несекојдневен начин на привлекување на туристи

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.