Љубов и секс

Од посилен имунитет и подобра меморија до полесно слабеење

 

Еден сексуален однос е еднаков на 30-минутно трчање. Другите придобивки од сексот следат.

Најдобриот лек, оргазмот ослободува ендорфин што предизвикува еуфорија, задоволство и повремено неконтролирано смеење.

Лек против обичната настинка
Заборавете на јаболката. Редовниот сексуален живот ве оддалечува од докторот. Редовниот секс овозможува поголемо ниво на антитела на имуноглобулин А кои можат да не заштитат од настинка со зајакнување на имунитетот.

 

После сексот, чашата е половина полна
Тоа е исто толку добро за вашата психа, како што е добро за вашето срце. Хормоните задолжени за добро расположение кои се ослободуваат за време на сексот ја намалуваат стапката на депресија, анксиозност и самоубиство и ги ублажуваат тензиите во секојдневниот живот.

Спречува рак на дојка
Докажано е дека окситоцинот спречува клетките на ракот на дојката да се развијат во канцерогени. И не заборавајте на предиграта! Стимулацијата на брадавиците дополнително го стимулира производството на окситоцин.

Помага при слабеење
Половина час секс согорува просечно од 150 до 350 калории, а за слабеење се препорачува да се практикува 3 до 5 пати неделно. Оваа активност може да се спореди со половина час пешачење, трчање или кревање тегови. Самиот оргазам, што е добра кардио вежба, согорува од 60 до 100 калории.

Подобар сон
Ако имате проблеми со спиењето, ќе ја цените информацијата дека оргазмот го намалува крвниот притисок и го релаксира телото.

Збогум грчеви
Ендорфините се нешто слично на морфиумот што би ве натерало да скршите коски, на пример. Дали некогаш сте доживеале главоболките или грчевите во менструацијата едноставно исчезнуваат по сексот? Да, да, ендорфините го зголемуваат вашиот праг на болка за 70%.

Ја подобрува меморијата
Сексуалните активности ја зголемуваат циркулација на крв и пренесуваат кислород во хипоталамусот – центарот во мозокот одговорен за меморијата и учењето. Со други зборови: оргазам ќе ви помогне да се сетите каде ги оставивте клучевите!

Ја намалува инконтиненцијата кај постарите лица
Мускулите кои го спречуваат протокот на урина можат да ослабнат, а потоа се јавува инконтиненција. Сепак, сексот ги зајакнува овие мускули и ги спречува ваквите заболувања. Овие мускули се најдобро погодени од оргазам, што предизвикува силна мускулна контракција и ги прави еластични подолго време.

Можеби ќе ве интересира

Постара жена и помлад маж – може ли оваа врска да опстане?

Biba

Најчеста причина поради која партнерите се разделуваат

Biba

Aпстиненцијата од секс ја намалува самодовербата, предизвикува анксиозност и пад на имунитетот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.