Од Марвел до Тарантино – филмови што ќе ги гледаме во 2019 година

Ако сакате да гледате филмови, сигурно ќе ве интересира што нè очекува на филмското платно во 2019 година. Во кината ширум светот ќе се појават новите Марвелови филмови, филмови на странски јазици, а годината дефинитивно ќе ја бележат новите остварувања на Квентин Тарантино, Карин Кусам и Бери Џенкинс.

Годината ќе започне со премиерата на филмот Glass, на 18 јануари. Се очекува M. Night Shyamalan да продолжи со својата низа квалитетни филмови. Glass е трето продолжение на трилогијата која започна во 2000 година со филмот Unbreakable, по кој следуваше Split во 2016 година.

Седум дена по него ќе го гледаме филмот Destroyer во режија на повеќепати наградуваната Карин Кусман. Во него ќе ја видиме Никол Кидман во улога на детективката Ерин Бел, која ќе доживее нервен слом по долготрајната тајна задача како дел од една калифорниска банда.

Истиот ден ќе го гледаме Vice, филм на Адам МекКај, во кој актерот Кристијан Бејл се здебели до непрепознатливост, со цел што поверодостојно да го прикаже поранешниот американски потпретседател Дик Чејни.

Февруари ни го носи корејскиот филм Burning на режисерот Ли Ченг-Донг, кој беше прикажан на филмскиот фестивал во Кан оваа година, а во март во кината стигнува филмот Captain Marvel, кој ќе ни го претстави првиот женски суперхерој.

Вестернот The Sisters Brothers на големото платно ќе можеме да го гледаме од 26 април, а истиот ден Марвел ни носи уште една авантура. Станува збор  за филмот Avengers:Endgame во кој повторно ќе го гледаме Тони Старк, т.е. Ironman, кој во вселената ќе се бори со колегите и пријатели Капетан Америка (Крис Еванс) и Црната Вдовица (Скарлет Јохансон).

Јули ни го носи Кралот лав, играна верзија на еден од најомилените анимирани филмови на сите времиња.

Once Upon a Time in Hollywood, долгоочекуваниот филм на Квентин Тарантино во кој главните улоги ги играат Леонардo Ди Каприо, Бред Пит и Маргот Роби, во кината стигнува на 26 јули.

На почетокот на септември во кината ќе го гледаме филмот It: Chapter Two, втор дел од филмската адаптација на книгата на Стивен Кинг, во кој дејството е сместено во сегашноста. Некогашните деца, а денес возрасни и трауматизирани луѓе, мораат уште еднаш да се соочат со кловнот-убиец Пенивајз.

Филмот Џокер кој раскажува за потеклото на овој стрип јунак, во кината ќе почне да се прикажува на 4 октомври.

 

Копирањето на содржината е забрането!