Убавина

Од која возраст децата можат да користат дезодоранси

Повеќето деца имаат потреба од дезодоранс во периодот кога влегуваат во пубертет. Овој период кај девојчињата обично почнува на возраст меѓу 10-14 години, а кај момчињата меѓу 12-16 години, но не е исклучено да започне и порано. Пубертетот е процес во кој децата созреваат сексуално и поминуваат низ низа хормонски и физички промени. За девојчињата првиот знак дека настапува пубертетот е обично зголемувањето на градите по кое следи растење на влакненца под пазувите и во гениталната регија, а менструацијата обично доаѓа последна. Кај момчињата пубертетот започнува со зголемување на тестисите и пенисот, потоа следува растење на влакненца во гениталната зона и под пазувите, се зголемува мускулната маса, се менува и продлабочува гласот и понатаму почнуваат да растат влакна на лицето (брада и бркови).

Со растењето на влакненцата под пазувите и воопшто по целото тело се јавува и првиот специфичен телесен мирис кај децата. Тој обично се засилува кога децата се потат при спортување и физичка активност или кога е потопло времето.

Постојат повеќе начини на кои непријатниот телесен мирис може да се спречи и контролира

  • Најважно од сè е да ги научите децата да се грижат за својата лична хигиена. Тоа подразбира секојдневно капење или туширање, со акцент на темелно миење со топла вода и сапун на деловите од телото кои се потат најмногу како што се пазувите, гениталиите и стапалата
  • Задолжително капење после спортски и други физички активности
  • Облеката да ја менуваат секој ден; долната облека и чорапите задолжително да ги менуваат по секое туширање и миење
  • Да носат чиста и комотна памучна облека која нема да им биде тесна, бидејќи тесната облека го засилува потењето
  • Обрнете внимание на исхраната. Некои видови на храна можат да го засилат непријатниот мирис, на пр. лукот, кромидот и зачинетите јадења

Со редовна лична хигиена непријатниот мирис обично се става под контрола, но ако и покрај тоа детето и понатаму има силен и непријатен мирис, тогаш може да користи некој дезодоранс за деца кој не содржи алуминиум и парабени, по можност од природни состојки. Исто така можат да се користат и домашни природни препарати кои одлично ја неутрализираат лошата миризба, како што е лимоновиот сок (неколку капки под пазувите не дозволуваат никакви мириси во текот на целиот ден), сода бикарбона или кокосово масло.

Дезодорансите обично успешно ја неутрализираат лошата телесна миризба, но не го спречуваат потењето кое е здраво и служи за регулирање на телесната топлина. Затоа не се препорачува пречесто користење на антиперспиранти кои го спречуваат потењето.

Слични написи

Навики заради кои изгледате постари отколку што сте

Biba

Што значат натписите на шампоните?

dart

Машката брада има повеќе патогени бактерии отколку кучешкото крзно

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.