Објавена листата на најмоќни мобилни телефони

 

Секој месец бенчмарк тестот AnTuTu, точно во минута ја објавува топ 10 листата на мобилни телефони со најдобри перформанси.

Во изминатиот месец-два на пазарот се појавија неколку врвни модели од производителите на мобилни телефони, па заради тоа се сменија позициите на листата во однос на претходните месеци.

Листата за овој месец е следната:

На врвот првото и второто место го заменија моделите од Xiaomi, Mi9 и Mi9 Explorer.

На третото место се наоѓа Vivo IQOO Monster, модел дизајниран за гејмери.

Го следат двата врвни модели од Самсунг S10+ и S10, а по нив на шестата позиција е Vivo IQOO.

Седмата позиција ја има Lenovo Z5 Pro GT.

Осмото место го има уште еден модел наменет за гејмери, моделот ZTE Nubia Red Magic Mars.

Деветтата и десеттата позиција ја имаат два модела на Huawei и тоа Honor V20 и Mate 20X.

 

Копирањето на содржината е забрането!