Доколку не носите соодветни обувки при возење се загрозувате себеси, а ги загрозувате и другите учесници во сообраќајот.
Обувките што не се соодветни за возење предизвикуваат губење на осетот за допир на папучата за гас, лизгаат и ја држат ногата неправилно.
Што и да носите при прошетки или кога излегувате во кафулиња и ресторани, во автомобилот секогаш имајте соодветни обувки за возење.
Следува листа на обувки што воопшто не се препорачуваат при возење на вашиот автомобил:
- сите типови на папучи
- чевли со високи потпетици
- чизми
- чевли со дебел ѓон
- и во никој случај возење боси