Select Page

Носењето на мобилниот телефон во џеб предизвикува синдром на фантомски вибрации

Носењето на мобилниот телефон во џеб предизвикува синдром на фантомски вибрации

 

Истражување спроведено на Технолошкиот институт во Џорџија покажува дека девет од десет лица се афектирани од технолошкиот феномен наречен “синдром на фантомски вибрации”, или како што претходно кратко беше познат под името “ringxiety” – кованица од англиските зборови”ring” (ѕвони) и “anxiety” (анксиозност), што во слободен превод би значело константна загриженост да не пропуштиме телефонски повик или примена порака.

Професорот Роберт Розенберг од Технолошкиот институт во Џорџија кој истражува на кој начин технологијата влијае на однесувањето, открил дека 90 % од луѓето страдаат од овој синдром, кој тој го објаснува како стекната телесна навика. Според него, честото носење на телефонот во џеб мозокот го толкува како дел од нашето тело. Розенберг појаснува дека тоа е слично како со, на пример, носењето очила, на кои со тек на време се навикнуваме и забораваме дека ги носиме.

Вибрациите од ѕвонењето или примањето пораки на мобилниот телефон стануваат синоним за телефонски повик, па секоја слична сензација, на пример – грчење на мускул или триење на облеката од телото, мозокот почнува да ја толкува како ѕвонење на телефонот.

Денешниот синдром на фантомски вибрации е многу сличен со “синдромот на фантомски пејџер”, од кој страдале луѓето во деведесеттите години од минатиот век кога сè уште не беа распространети мобилните телефони и се користеа пејџери.

Розенберг верува дека тенденцијата константо да се проверува мобилниот телефон доаѓа од природата на човекот постојано да се опседнува со нешто, а не како што повеќето стручњаци тврдат заради зависноста од технологија која буквално ги менува нервните патишта во мозокот. Според него, оваа појава е слична со константното проверување дали пристигнуваат гостите на паркингот или патник што се напрега да слушне дали автобусот кој го чека пристигнува.

Едно претходно истражување од 2015 година откри дека просечниот корисник на мобилен телефон го проверува телефонот на секои 6,5 минути, што е 150 пати во текот на денот. Ова сугерира компулсивно однесување што граничи со опседнатост. Зависниците од смартфон, кога не се во можност да го проверат телефонот или апаратот не е со нив, стануваат анксиозни. Секоја примена порака и нотификација го засилува ова однесување со тоа што праќа допамин во мозокот, кој има централна улога во психотичните симптоми како што се халуцинациите. Ослободувањето на допамин во вакви услови ги предизвикува халуцинациите на ѕвонење и вибрирање во синдромот на фантомски вибрации.

Оваа појава долгорочно може да доведе до низа здравствени тегоби како главоболки, вртоглавици, анскиозност, стрес и нарушувања на спиењето.

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.