Сите славни личности, освен основната дејност од која имаат голема заработка, имаат и дополнителни начини да го зголемат своето богатство.
Така и Џенифер Лопез, освен од од концерти и авторски права за своите песни, заработува и од своето тело. Таа успеа да се издигне на ниво на бренд.
Според американските медиуми, вредноста на Џенифер Лопез реално се проценува на околу 400 милиони долари, и освен од музиката, таа своето богатство го генерира и од своето совршено тело.
Највредните делови од телото кои ѝ носат најголем прилив таа ги осигурала. Така, својот задник го осигурала на 27 милиони долари.
Освен од чевлите кои се нејзин дизајн, таа советува и за тоа како да ги одржувате стапалата здрави и да изгледаат убаво. За секоја минута снимање на нејзините нозе, Лопез наплаќа 1 милион долари.
Модните брендови ѝ плаќаат од 200 до 500 илјади долари за на црвениот тепих да прошета во нивна креација.
Лопез снимила реклама за нега на косата за која ѝ биле платени дури 2,9 милиони долари.
https://www.instagram.com/p/Bxi0lGqAb5H/?utm_source=ig_web_copy_link
Но, убавината на нејзиното тело има цена. Со години Џеј Ло внимава на исхраната, не јаде преработена храна и јаде само органски намирници. Нејзиниот ручек се состои од лосос и многу зеленчук: брокули, пиперки, тиквички.
Освен што внимава на исхраната, редовно вежба и танцува. Со оглед на тоа дека во текот на денот е многу активна, со себе носи здрави грицки, овошје и јаткасти плодови.