Според Си-ен-ен, најновите истражувања од Универзитетот на Сан Диего во САД покажале дека во периодот од 2000 до 2018 година, помладите мажи имале помалку секс во однос на претходните генерации. Студијата која опфатила 4 000 мажи и 5 000 жени открива дека невработените мажи или оние со пониски приходи биле повеќе сексуално неактивни.
Процентот на неактивни лица на возраст од 18 до 24 години се зголемил за 18,9 проценти помеѓу 2000 и 2002 година и за дури 30,9 проценти помеѓу 2016 и 2018 година. Истражувањата, исто така, покажуваат дека жените на возраст меѓу 25 и 34 години, исто така, имаат помалку секс.
Недостатокот на секс се смета за тренд кај младите луѓе, а за тоа има повеќе причини. Подоцнежно созревање, одложување на преселбата од семејниот дом, поинаков пристап кон сериозни врски и одложување на потомството. Друга причина зошто имаат помалку секс се социјалните мрежи. Додека тие, всушност, треба да го олеснат наоѓањето на сексуални партнери, употребата на мрежи и технологија има негативен ефект врз задоволството што доаѓа со интеракцијата помеѓу луѓето.