Здравје

Нов скандал со храна увезена од Унгарија

Унгарска фабрика за замрзнат зеленчук и замрзната пченка дистрибуирала производи кои ја содржат бактеријата листерија. Заразениот зеленчук е дистрибуиран во 107 земји, за среќа не и во Македонија. Албанија, Бугарија, БиХ, Грција, Словенија, Хрватска се земјите од нашето опкружување од кои не се препорачува купување на замрзнат зеленчук и пченка ако е наведено дека има потекло од Унгарија.

Во Европа се пријавени 47 случаи на епидемијата на инвазивна „Listeria monocytogenes“ до 15 јуни, од кои девет биле со смртен исход.

Сепак унгарската канцеларија за безбедност на ланецот на храна ја забранила продажбата на крајот на јуни.

Појаснување за листериозата?

Листеријата е бактерија која предизвикува инфекции на централниот нервен систем (менингитис, менингоенцефалитис, мозочен апсцес, церебритис) и претставува бактерија која најмногу делува кај оние кои се имуно изложени како бремени жени, новороденчиња, стари лица.

Листеријата основно се пренесува по орален пат преку внесување на контаминирани хранливи производи. Бактеријата навлегува во цревниот тракт и предизвикува системски инфекции.

Препорака е пред да консумирате замрзната храна темелно да ја измиете и да ја обработите термички.

Related posts

Прашања и одговори во врска со зајакнување на имунитетот во текот на зимата

Biba

Навика за јадење со која ќе ја одржите витката линија и по 50-тата година

dart

Навики кои лошо влијаат на детското здравје

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.