Нов рекорд за SpaceX

Во понеделникот компанијата на Илон Маск SpaceX, лансираше рекорден број на сателити со едно лансирање. Беа лансирани дури 64 мали сателити.

Покрај своевидниот рекорд на број на лансирани сателити, SpaceX направи уште еден рекорд – користење на истата Фалкон 9 ракета по трет пат.

Ракетата Фалкон 9 полета од базата Ванденберг во Калифорнија и носеше сателити за 34 различни компании, владини агенции и универзитети.

По завршувањето на поставувањето на сателитите во орбита, Фалкон 9 успешно се приземји на платформа за приземјување во океан.

Копирањето на содржината е забрането!