Наука

Ново откритие на Египетските археолози

Египетското министерство за антиквитети објави дека археолозите го откриле едно од најстарите познати села во делтата на Нил во Египет. Селото датира од периодот пред фараоните.

Селото потекнува од раното камено доба и е откриено при археолошките ископувања на локалитетот Тал Ал-самара во покраината Дакахли, северно од Каиро.

Водачот на заедничката француско-египетска мисија, Фредерик Гио, изјави дека на тоа подрачје се откриени неколку силоси со коски од животни, билни остатоци и чинии. Сето ова укажува на тоа дека таму постоело стабилно општество уште пред 5000 години пред раѓањето на Христос.

Слични написи

На кои начини комуницирале диносаурусите?

Biba

Откриен е брод за кој се мислело дека не постои

admin

Археолозите откриле доказ за вавилонското освојување на Ерусалим, за кое пишува и во Библијата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.