Новите Huawei телефони ќе бидат без Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp

 

Како резултат на трговската војна помеѓу Пекинг и Вашингтон, од Фејсбук забранија нивната апликација да биде инсталирана на новите Хуавеи смартфони, и со тоа стана последната американска компанија која се придружи на санкциите кои ги воведе Вашингтон за кинеските технолошки компании.

Досегашните сопственици на апаратите на Хуавеи и понатаму ќе можат без проблем да ги користат и апдејтуваат мобилните апликации на Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp, но на новите смартфони од Хуавеи овие апликации нема да бидат инсталирани.

Во мај, од безбедносни причини, претседателот на САД Доналд Трамп потпиша наредба со која го исклучи Хуавеи од комуникациската мрежа на САД, заради блиските врски на Хуавеи со кинеската влада. САД ги охрабрува и своите сојузници да ја прекинат соработката со Хуавеи, и покрај тоа што од компанијата упорно негираат дека нивните производи се користат за шпионирање. Шефот на Хуавеи минатата недела изјави дека е подготвен да потпише “согласност за нешпионирање” со САД.

 

Забрането е копирање на текстот!