Select Page

Нови премиум безжични слушалки Huawei FreeBuds 3 во Македонија

Нови премиум безжични слушалки Huawei FreeBuds 3 во Македонија

Започна продажбата на новите премиум безжични слушалки Huawei FreeBuds 3 со нов интелигентен звук со помош на Huawei Kirin A1 чипот.

Kirin A1 е првиот чип на Huawei кој е специјално дизајниран за пазарот на додатоци. Тие се дел од новата аудиостратегија на компанијата насочена кон премиум аудиопазарот. Безжичните слушалки имаат исклучителна технологија за дигитална обработка на аудиозвукот со драјвери со висока чувствителност, кои на секој корисник му овозможуваат одлични можности за репродукција на музика и глас. Новиот чипсет, кој исто така е вграден во најновиот смарт часовник на брендот, Huawei Watch GT 2, обезбедува долг век на траење на батеријата со моќен процесор за звук.

Некои од најимпресивните карактеристики на безжичните стереослушалки се стабилната поврзаност што ја обезбедуваат, ултраниската латентност и импресивната технологија за контрола на бучавата. Слушалките даваат вистински стереозвук благодарение на сопствениот изохрон двоен канал Bluetooth на Huawei. Оваа технологија ги синхронизира двете слушалки, олеснувајќи ја директната врска помеѓу уредот и слушалките без мешање, а бучавата може да се прилагоди според индивидуалните преференци и моменталната состојба.

Иновативниот процесор за дигитален аудиосигнал, кој овозможува да се обработи аудио до 356 MHz, помага да се минимизираат надворешните звуци и да се воспостават повици дури и во многу бучни средини.

Покрај интелигентниот звук, безжичните слушалки FreeBuds 3 импресионираат со новиот дизајн, достапен во класична бела и црна боја, што ги прави погодни за секаков вид облека. Тие, исто така, доаѓаат со заоблени торбички за полнење, што удобно се вклопуваат во сечиј џеб.

FreeBuds 3 имаат уште една многу важна предност – можат да се напојуваат безжично, со безжичен полнач или преку функцијата безжично полнење овозможена од паметните телефони, пришто се обезбедуваат 4 часа работа со едно полнење.

Новите безжични слушалки се достапни на македонскиот пазар во салоните на Македонски Телеком и продажните места на Нептун по препорачана цена за крајниот потрошувач од 9,999 денари, додека во Сетек ќе бидат достапни од 31 јануари.

Наши пријатели

Патување низ времето

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.