Автомобилизам

Новиот Volkswagen T-Cross

Од Volkswagen излегоа со најава дека новиот четврти член на нивното SUV семејство со ознака T-Cross ќе биде претставен во четврток.

T-Cross, компактниот crossover, ќе биде директна конкуренција на SEAT Arona, CITROEN A3 aircross и KIA Stonic.

Volkswagen ќе ја прошири гамата на SUV возила и покрај T-Roc, Tuareg и Tiguan ќе се најде и новиот T-Cross.

Основниот модел ќе биде придвижуван од 1.0 литарски мотор, три цилиндричен турбобензинец со 75 или 115 ks. Во понудата ќе биде мануелен менувач со 5 степени на пренос, или автоматски за моделите со поголема опременост. Капацитетот на багажниот простор е 455 литри, а во серија ќе има и лизгачки задни седишта. Со преклопување на задните седишта капацитетот се зголемува на 1281 литар. Со ова T-Cross ќе ги надмине неговите конкуренти. Самиот T-Cross е базиран на платформата на Polo. Ја користи MQB платформата и ќе биде достапен во неколку бензиски и дизел верзии, а можна е и употреба на хибридна технологија.

Слични написи

Шкода официјално ја покажа внатрешноста на новиот Kamiq

Biba

Rolls-Royce Cullinan од Carlex Design го носи луксузот на следното ниво

dart

Jaguar F-Pace доработен од Lister достигнува 322 km/h

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.