Автомобилизам

Новиот Audi A6 Allroad

 

По минатогодишното претставување на новата генерација на А6, Ауди ја претстави и верзијата Allroad.

За купувачите кои не преферираат SUV и Crossover возила, од Ауди понудија верзија која се базира на основата на стандардниот А6 модел, а спецификата на луксузот, квалитетот и моќта се спојува со можност за користење на секакви подлоги. Понудени се три верзии од трилитарскиот V6 мотор, а ќе се разликуваат само по испорачаната моќ.

Allroad доаѓа со стандардниот quatro интегрален погон и со подвозје кое е за 45 милиметри повеќе подигнато од стандардната верзија. 4,9 метри долгото возило во основната верзија 45 TDI испорачува моќ од 231 ks и вртежен момент од 500Nm.

Верзијата 50 TDI има моќ од 286 ks и вртежен момент од 620Nm, а 55 TDI испорачува 349 ks и вртежен момент од 700 Nm.

Сите верзии користат автоматски менувач со 8 степени на пренос.

Основната цена на Allroad во Германија изнесува 61 500 евра.

 

Слични написи

Уличниот ѕвер на Volkswagen со ознака Wimmer Polo R WRC

Biba

Power Division нуди Audi RS7 кој забрзува подобро од Veyron

dart

Еволуцијата на Audi R8

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.