Американската автомобилска компанија GMC го претстави својот нов концепт на пикап, кој наместо тркала, има гасеници. Новиот концепт беше претставен на годишното родео, изложба и фестивал со наслов Calgary Stampedo, кој се одржува во Калгари, Канада.
Според оскудните податоци, овој концепт го придвижува 6,2-литрен В8 мотор од Џенерал Моторс, кој испорачува сила од 420 коњски сили, а силата се пренесува со помош на автоматски менувач со 10 степени на пренос, произведен исто од Џенерал Моторс.
Возилото користи Matracks технологија која со помош на гасениците ја максимализира неговата офроуд способност.
Се наведува дека Sierra 1500 AT4 All Mountain ќе биде опремен со голем број на технолошки новитети.